Македонски експерти во посета на рудникот „Ада Тепе“, најеколошки во Европа

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Размена на искуства и добри практики во рударството и управувањето со природните ресурси и еколошките стандарди за да се добијат применливи решенија за Северна Македонија, е целта на стручната посета на рудникот за злато „Ада Тепе“, сопственост на канадската компанија „Dundee Precious Metals“, лоциран во општина Крумовград, во областа Карџали, Република Бугарија.

Рудникот, како што јавува известувачот на МИА, се смета за пример на одржливо и еколошки одговорно рударство, применува најстроги ЕУ стандарди за животна средина и го помага развојот на локалната заедница и бизнисите. При тоа 98% од вработените се од локалното население.

– Овој рудник е признат во Европа како еден од најеколошките рударски комплекси во регионот и користи најсофистицирана опрема и технологии за управување со вода и отпад, минимизирајќи го еколошкото влијание, дури и во заштитени NATURA 2000 зони. Ние сакаме да научиме од искуства кои веќе се докажани  – како компанијата одговорно соработува со локалната заедница, инвестира во развој на бизниси и инфраструктура, и создава придобивки за луѓето и економијата и како соработката на база на силни закони, услови и правила може да биде основ за одржлив сектор – изјави Филип Петровски државен советник за рударство во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, по посета на рудникот „Ада Тепе“.

Според него, земјава е решена во идните стратегии и политики да ги предвиди сите европски правила со цел да се обезбеди дека секој развој во секторот ќе биде одржлив, еколошки одговорен и во интерес на локалните заедници и граѓаните.

Рудникот почнал со работа во 2019 година во заштитено подрачје кое е влезено во Натура 2000 еколошката мрежа. Во фазата на подготовка и одобрување биле организирани јавни расправи со жителите на Крумовград и околните села, а биле воспоставени и механизми за комуникација со населението преку информативни состаноци, отворени денови и програми за поддршка на локалниот развој.

Овој модел на вклученост придонел да се обезбеди повисока доверба и прифаќање на проектот и да се расчисти загриженоста на граѓаните, кои на почетокот не прифаќале рудник во својата околина.

Имено, рудникот се наоѓа на само 3 км јужно од Крумовград,  и користи иновативен пристап за управување со рударскиот отпад кој вклучува и прогресивна обновува на земјиштето уште за време на неговата експлоатација.

Од надлежните на рудникот изјавија дека согласно планот за негово затворање престануваат со експлоатација до март наредната година, но тоа не значи дека комплетно си заминуваат. Продолжува нивната обврска за рекултивирање на просторот на ископот на рудникот на кој ќе бидат засадени автохтони видови дрвја и ќе бидат подигнати спортско-туристички центар и кампинг. По демонтирањето на механизацијата, како и на дел од објектите изградени за потребите на рудникот, канадската компанија ќе го подари на општина Крумовград земјиштето кое што претходно го купила од државата.

Македонската делегација во рамки на интензивната програма, денеска ќе оствари средба со градоначалничката на Крумовград, Себихан Мехмед, како и со претставници на бизниси што се развиле благодарение на проекти поддржани од рудникот. Членовите на делегацијата ќе имаат можност да  ја посетат и фабриката за добивање злато од руда по хидрометалуршки пат со технологијата „carbon-in-pulp“ во градот Карџали.

- Advertisement -
Ad image

Северна Македонија со законите за рударство и за геологија што се во фаза на изработка, ги транспонира европските стандарди во делот на експлоатација на минерални суровини и заштитата на животната средина. Двата закона беа ставени на ЕНЕР на увид на јавноста, и како што велат од МЕРМС пристигнати се над 100-тина предлози и забелешки од кои што 20-тина ќе бидат разгледани деновиве со можност да бидат вметнати во законските решенија. Особено внимание во двата закона кои проилегоа од Законот за минерални суровини, се посветува на зајакнување на  казнената политика со повеќекратно зголемување на казните.

Исто така, државата очекува да се обезбеди и поголема економска корист, повисоки такси и рударски надоместоци, прецизно дефинирани права и обврски на концесионерите, поттикнување на домашни и одржливи инвестиции, унапредување на економскиот потенцијал што го носи рударството.

Share This Article