Македонски државјанин вчера бил уапсен откако возел 184 км/ч на автопатот кај Бујановац. Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар.
Ова за српски Курир го потврди Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.
– Изредив приведување на државјанин на С.Македонија Ј.А.(2002) бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. Оштетен е и полицискиот радар при ударот. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари – рече Накиќ.
Неофицијално, несреќата се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.