Македонската академија на науките и уметностите доби нови членови

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонската академија на науките и уметностите доби нови членови.

На 21-то Изборно собрание на МАНУ се избрани двајца редовни членови, 8 дописни членови, 4 членови надвор од работниот состав и двајца почесни членови.

МАНУ соопшти дека за нејзини редовни членови се избрани дописните членови Изет Зеќири и Блажо Боев. За дописни членови се избрани проф. д-р Гордана Лажетиќ во Одделението за општествени науки, проф. д-р Мирко Тодоровски и проф. д-р Димитар Трајанов во Одделението за технички науки, проф. д-р Александар Узунов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки, проф. Жарко Башески, проф. Невзат Бејтули, проф. д-р Драган Даутовски и проф. д-р Ивица (Иван) Џепаровски во Одделението за уметност.

За членови надвор од работниот состав се избрани проф. д-р Стојко Стојков од Одделението за општествени науки, проф. д-р Светлана Мојсов од Одделението за медицински науки, проф. д-р Гордан Караман од Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Сибила Петлевски од Одделението за уметност.

За почесни членови на МАНУ се избрани проф. д-р Трајче Стафилов во Одделението за природно-математички и биотехнички науки и проф. д-р Владо Поповски во Одделението за општествени науки.

Од Академијата и раководството изразуваат големо задоволство од квалитетот на новоизбраните членови и им посакуваат продолжување на успешната работа во насока на унапредување на науките и уметностите.

„Со нивниот избор се зајакнува работниот карактер, како и капацитетот на МАНУ да придонесе кон дефинирање на стратешките насоки за развојот на државата. Со успешното завршување на 21-то Изборно собрание на МАНУ се заокружува изборниот процес што започна на почетокот од оваа година, што сведочи за вниманието и сериозноста со кои се пристапува кон изборите на нови членови во највисоката научна институција во нашата држава“, соопшти Академијата.

Share This Article