Македонија во повластена трговска група со САД

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со новата извршна наредба потпишана синоќа од американскиот претседател Доналд Трамп, царинската стапка за македонските производи што се извезуваат во САД е намалена од 33 на 15 проценти, што претставува значајно олеснување за домашните компании кои се присутни или планираат пласман на американскиот пазар.

САД ќе воведат царини од 10 до 50 отсто за речиси сите земји со кои немаат постоечки трговски договори, но Македонија се најде во групата со најповолни стапки. Со истата царинска стапка од 15% ќе се третираат и Европската унија, Хрватска и Словенија, кои неодамна постигнаа трговски договор со Вашингтон (на 27 јули).

Според објавениот список на Белата куќа, Србија ќе се соочи со царина од 35%, а Босна и Херцеговина со 30%. Најниска царина во регионот ќе има Црна Гора – 10%. Овие различни стапки се дел од новата стратегија на Трамп позната како „реципрочна трговија“, со која тој најави построг пристап кон земјите со кои САД немаат балансирана трговска размена.

Иако претходно се најавуваше дека мерките ќе започнат на 1 август, американската администрација го помести терминот за 7 август, со цел да им даде време на сите земји да се прилагодат на новиот царински режим.

„Се остава простор за финализација на административните процедури, но и можност за трговски разговори доколку одредени земји сакаат подобар третман“, велат од Белата куќа.

Share This Article