Background

МАКЕДОНИЈА УТРЕ ЌЕ СЕ ЗБОГУВА СО ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ Последно збогум со загинатите во Кочани, еве каде и кога ќе бидат погребите

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.

„Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Оттаму ги замолуваат сите граѓани на разумно постапување и достоинствено испраќање на жртвите во трагедијата во Кочани.

- Advertisement -
Ad image

Членовите на бендот ДНК кои починаа од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, ќе бидат погребани во текот на утрешниот ден. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Џоко Ѓоргиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.

Од семејството на Андреј Ѓорѓиески соопштија дека погребот ќе биде во 10 часот, а од Факултетот за музичка уметност (ФМУ) на нивната фејсбук страница објавија дека погребот на Пројковска ќе биде на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

„Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Петар и Павле“ во Лисиче“, објавија од ФМУ.

Од Основното музичко училиште „Боро Џони“ каде Ѓоргиев беше вработен ја потврдија информацијата дека тој ќе биде погребан на градските гробишта во Струмица. Претходно, посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот, а утре во 10 часот вработените во музичкото училиште ќе одржат комеморативна седница.

Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, ќе бидат изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, ќе биде изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.

Во пожарот што се случи во неделата рано сабајле загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation