Background

Македонија се најде на 51 место, со пад за четири позиции на Глобалниот индекс на мир за 2025 година

Македонија се најде на 51 место, со пад за четири позиции на Глобалниот индекс на мир за 2025 година, што секоја година го објавува Институтот за економија и мир (IEP).

Пред Македонија се: Словенија (9), Хрватска (19), Бугарија (29), Црна Гора (34) и Грција (45). Зад земјава се: Албанија (52), БиХ (59), Косово(63) и Србија (64).

Очекувано титулата најнебезбедна земја во светот ја доби Русија. Веднаш зад неа на скалата се Украина и Судан, земји исто така погодени од значајни конфликти и нестабилност.

- Advertisement -
Ad image

Исланд останува најмирната земја во светот, пред Ирска, Австрија, Нов Зеланд и Швајцарија. Најмирниот регион останува Западна и Централна Европа, додека Блискиот Исток и Северна Африка (МЕНА) остануваат најнестабилни.

Институтот  прави сеопфатна анализа што рангира 163 земји во светот според нивното ниво на безбедност. Извештајот се базира на 23 различни индикатори со цел да се создаде најточна слика за состојбата на мирот во светот. Меѓу клучните фактори што се земаат предвид при креирањето на индексот се бројот на смртни случаи предизвикани од внатрешни конфликти, фреквенцијата на насилни демонстрации, општата перцепција за криминалот во општеството и влијанието на тероризмот врз секојдневниот живот.

Според извештајот на Глобалниот индекс на мир 2025, нивото на глобалниот мир повторно падна – за 0,36% во споредба со минатата година. Ова е 13-то влошување во изминатите 17 години, а глобално, 87 земји станаа помалку мирни, додека 74 се подобрија.

Извештајот предупредува на „интернационализација на конфликтите“ – дури 78 земји учествуваат во вооружени конфликти надвор од сопствените граници. Овој феномен е поврзан со растечките геополитички соперништва, зајакнувањето на средните сили и падот на глобалната соработка.

Бројот на земји што имаат „значајно влијание“ во други земји се зголеми на 34, додека во 1970 имало само шест.

Светот, се наведува, влегува во „ера на глобална фрагментација на моќта“, обележана со соперништво меѓу САД и Кина и растот на регионалните центри на моќ.

Трендот на намалување на милитаризацијата, кој траеше речиси две децении, сега е обратен – 106 земји го влошија својот резултат во оваа област.

Воените трошоци сочинуваат повеќе од 74% од глобалните трошоци поврзани со насилство, додека инвестициите во мировни мисии и градење мир паднаа на само 0,52% од воениот буџет.

Бројот на мировници се намали за 42% за десет години, додека бројот на активни конфликти постојано се зголемува.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation