Македонија ќе биде прва држава во регионот која целосно ќе се покрие со полначи

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во интервјуто на ТВ Њузмакс Балкан.

– Тука сме пионери, заедно со Европската банка за обнова и развој моментално избираме консулатант кој што треба да направи студија и после таа студија да се имплементира. Мојата идеја е некаде на почетокот на вториот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ веќе Македонија да е Е-мобилна, односно да има можност за електрични возила буквално на секој агол во државата. Тоа е со цел граѓаните повеќе да не се грижат каде и колку е оддалечена следната станица за полнење, туку на едно пристојно растојание не повеќе од 10 км да има полнач – истакна вицепремиерот Николоски.

Во контекст на намалување на аерозагадувањето, вицепремиерот зборуваше и за планот на Владата за набавка на 120 електрични автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за главниот град, а останатите 40 за општините во државата.

Тој појасни дека првичниот тендер е поништен зашто што пријавениот понудувач не ги исполнувал поставените услови во јавниот повик.

– Сега работиме во рамки на министерството, идентификуваме како може да се зголеми конкуренцијата, а од стандардите нема да отстапиме, затоа што многу е лесно да купите дизел автобуси или автобуси кои што загадуваат, нашата цел е да купиме еколошки електрични автобуси кои што ќе ги исполнуваат сите стандарди, и затоа за брзо време ќе излеземе со планови во таа насока – додаде вицепремиерот Николоски.

Share This Article