Background

МАКЕДОНИЈА И САД ЌЕ ОДРЖАТ СЕСИЈА НА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ

Партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Тој најави дека на 7 април Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.

– Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамките на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон – истакна министерот Муцунски во гостување на Телма.

- Advertisement -
Ad image

Министерот информираше дека делегацијата која ќе патува во САД ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и за енергетика.

Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог со САД ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, на трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.

Министерот денеска се сретна со вршителката на должност амбасадор на САД, Никол Варнс.

„На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамките на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки дијалог, што ќе се одржи следниот месец во Вашингтон. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон понатамошно продлабочување на билатералната соработка“, напиша Муцунски на неговата Фејсбук-страница.

Посебен акцент во разговорот е ставен на економската соработка, со потенцијал за поттикнување на нови инвестиции, како и на реформските процеси поврзани со владеењето на правото и демократијата.

„Разговаравме и за улогата на нашата земја како фактор на стабилност во регионот, како и за актуелните глобални прашања, вклучително и случувањата на Блискиот Исток“, објави Муцунски.

Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и Соединети Американски Држави е формална рамка за долгорочна соработка на највисоко ниво. Оваа платформа за координација во повеќе области официјално беше воспоставена во 2022 година, што беше сигнал дека  САД ја гледа Македонија како стратешки партнер на Балканот. Главните области на соработка се безбедноста и одбраната,  енергетиката, економијата и инвестициите, владеењето на правото и геополитиката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation