Мајката инсистирала да ги носи дома иако лекарите ѝ препорачувале да останат во болница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Нема лекарски пропуст за смртта на близначињата во Прилепската болница во јануари годинава, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

– Нема стручна грешка, да имаше веднаш ќе бевте известени и ќе се преземеа чекори за дисциплински мерки. Меѓутоа и ДСЗИ и стручната комисија што беше од Министерството за здравство, констатира дека нема лекарски пропуст – рече Таравари по посетата на болницата во Прилеп.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 22 јануари соопшти дека ќе издаде решение со наредба за спроведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност кај здравствените работници кои учествувале во лекувањето и исписот на новороденчињата-близначиња кои починаа на 16 јануари, стои во наодот на Инспекторатот кој по случајот изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница, конкретно во Гинеколошко-акушерското и во неонатолошкото одделение во случајот со починатите новороденчиња.

Инспекторатот констатирал дека кога на 10 јануари мајката со потпис, на свое барање заминала од болницата со новороденчињата предвреме родени на 30 декември и со мала тежина, болницата не го известила Центарот за социјални работи.

„Во врска со исписот од установата, од страна на докторите од неонатолошкото одделение добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата се нивно целосно адаптирање. И покрај тоа новородените на барање на мајката и со нејзин потпис, испишани се од установата со препорака за доење, витамин Д3 и контрола кај педијатар поради мала тежина. Од страна на установата, во врска со предвремениот испис на новородените, не е доставено известување до надлежниот Центар за социјални работи“, се наведува во извештајот на ДСЗИ од 22 јануари.

Близначињата се родија на 30 декември предвреме, во 34-та гестациска недела со мала тежина, под 2 килограми. На своја рака со потпис мајката на 10 јануари си заминала дома со бебињата. На 16 јануари при тешка здравствена состојба на бебињата, семејството од својот дом во селото Славеј повикало Итна помош. Била констатирана смртта на машкото бебе, а женското починало во прилепската болница.

Share This Article