Топ Вести - Слушај сега
Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус 3 во Берово. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и тивко со појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Температурата преку денот ќе се искачи до 7 степени,
Под влијание на влажни воздушни бранови од утре кон крајот на денот и во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, со количина над 25 литри на квадратен метар во период од 24 часа.
На планините врнежите ќе бидат од снег при што ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 сантиметри. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Од петок ќе има стабилизирање на времето.
И во Скопје од утре кон крајот на денот и во среда и во четврток се очекуваат обилни врнежи од дожд.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
