Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково. Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира Авто мото сојузот (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица до 31.05.2025 поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот. Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.