Магистралниот пат Охрид – Св. Наум, еден од клучните туристички и сообраќајни правци во земјава, е во завршна фаза на рехабилитацијa

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Магистралниот пат Охрид – Св. Наум, еден од клучните туристички и сообраќајни правци во земјава, е во завршна фаза на рехабилитација, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Досега се завршени 19 километри од вкупната должина од 24,3 километри, од граничниот премин со Албанија до Пештани.

Инвестицијата, вредна 11,6 милиони евра, е финансирана од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Со реализацијата на овој проект, се подобрува безбедноста во сообраќајот, како и квалитетот на патната инфраструктура која го поврзува Охрид со манастирскиот комплекс Св. Наум.

Во рамки на градежните активности, извршено е растеретување на косините од нестабилен карпест материјал, поставена е заштитна челична мрежа и на поедини делови заштитна ограда, со што значително се подобрува прегледноста и сигурноста на патот.

Како што информира Николоски, до крајот на јуни се очекува да биде комплетно завршена и преостанатата делница од околу 5 километри – од излезот на Пештани до хотелот „Метропол“. Притоа ќе се постави и комплетна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и дополнителна заштитна ограда.

Министерот потенцира дека овој патен правец не само што е важен за локалниот и за регионалниот сообраќај, туку има и стратешко значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија.

– Со реализација на овој проект, не само што ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион, туку директно го подигнуваме туристичкиот потенцијал на Охрид и го поттикнуваме економскиот развој на регионот – посочи Николоски.

Share This Article