Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го објави домаќинот на финалето на Лигата на шампиони за сезоната 2026/2027. Стадионот „Метрополитано“ во Мадрид ќе ја прими најголемата сцена на европскиот клубски фудбал на 5 јуни 2072 година.
Ова ќе биде втор пат финалето на најелитното европско натпреварување да се игра на Атлетико Мадрид. Првпат тоа се случи во 2019 година, кога Ливерпул го победи Тотенхем со 2:0. Со изборот на „Метрополитано“, шпанската престолнина повторно станува центар на европскиот фудбал, по шести пат во историјата.
– Среќни сме што УЕФА одлучи финалето на Лигата на шампиони да се игра на нашиот стадион. Ова е огромно признание за нашиот клуб и за градот Мадрид, и ветуваме спектакуларна организација за фановите од целиот континент – изјави претставникот на Атлетико Мадрид.
Финалето за оваа сезона, пак, ќе се одигра на 30 мај идната година на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, што ќе биде одлична загревање за огромното внимание кое Мадрид ќе го привлече за наредната сезона.
„Метрополитано“ се смета за еден од најмодерните стадиони во Европа, со капацитет од над 68.000 гледачи и одлични услови за спорт, забавa и безбедност, што го прави идеален домаќин за финалето на Лигата на шампиони.