Луцк претрпе сериозни удари, Полска на готовс

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Москва изврши, според сè изгледа, еден од своите најголеми ракетни и дронски напади врз повеќе украински градови во текот на ноќта, објави Јуроњуз.

Русија лансираше рекордни 728 дронови врз неколку украински градови, соопшти украинското воено воздухопловство во средата.

Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека се соборени 718 дронови и 7 крстосувачки ракети, што претставува еден од најголемите напади на Москва во трите години од почетокот на војната во Украина.

Десетици руски нападни дронови и балистички ракети биле насочени кон региони во западна Украина, а прелети на дронови биле пријавени во градовите Луцк, Лавов, Хмелницки и во Тернопил.

Западниот град Луцк бил особено тешко погоден, според локалните медиуми, со експлозии што се слушале во раните утрински часови во средата.

Градоначалникот на областа Волин, Иван Рудницки, изјави дека „речиси сè“ било насочено кон Луцк, каде што во текот на ноќта во воздушниот простор биле присутни 50 дронови и 5 ракети.

Во Киев, градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека руски дронови го нападнале центарот на градот, а противвоздушната одбрана дејствувала и соборувала цели.

Најмалку едно лице е повредено во градот Бровари, во поширокиот регион на Киев, соопштија од регионалната воена администрација.

Полските авиони на готовс

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

- Advertisement -
Ad image

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси 3 часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Русија собори 86 украински дронови

Руската противвоздушна одбрана собори 86 украински дронови во текот на изминатата ноќ, соопшти руското Министерство за одбрана.

- Advertisement -
Ad image

Според Министерството, 23 дрона биле неутрализирани над Курската област, 16 над Брјанската област, а 15 над Тулската област.

Два дрона биле насочени кон Москва и биле уништени, додаваат од Mинистерството.

Руската инвазија врз Украина започна на 24 февруари 2022 година и оттогаш постојано се еволуира во тактички и во технолошки поглед. Во првата година доминираше копнена инвазија и артилериски судири, но во последните 12 месеци војната сѐ повеќе се води и во воздух — со масовна употреба на беспилотни летала, прецизни ракети и сложени системи за противвоздушна одбрана.

Украина, со поддршка од Западот, вложи значителни ресурси во развој на сопствени дронски капацитети, што доведе до зголемување на ударите на длабочина во руска територија, вклучително и напади врз Москва.

Од своја страна, Русија користи дронови „Шахед“, но и сопствени крстосувачки и балистички ракети, во координирани и масовни напади со цел да ја исцрпи украинската противвозудшна одбрана и да предизвика колапс на критичната инфраструктура.

Share This Article