Судија на претходна постапка од основниот суд во Кочани донел одлука двајца поранешни градоначалници на Кочани, наместо во притвор да бидат пуштени во домашен притвор.
Се работи за поранешните градоначалници Ратко Димитровски и Никола Илиејев, а таква одлука нема за последниот градоначалник во оставка Љупчо Папазов.
Според информации на ОХРИДСКАЈ, обвинителството вложило жалба на таквата одлука на судот, па конечен збор ќе има штипска апелација.
Мерката ефективен притвор е преиначена и за поранешната директорка на Пазарниот инспекторат Анета Симеска Димоска која исто така оди во домашен притвор поради здравствени причини. За неа обвинителството не вложило жалба на одлуката на Кривичниот совет во Кочани.
Инаку од 36 притворени, жалби поднеле 22 лица.