Background

Љубовната приказна на убиената холивудска двојка

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Светот беше запрепастен по веста дека Роб Рајнер (78), легендарниот холивудски режисер и актер и неговата сопруга Мишел Сингер Рајнер (68) беа пронајдени мртви во нивниот дом во Лос Анџелес на 14 декември.

- Advertisement -
Ad image

И додека јавноста се збогува со еден од најважните филмски режисери на своето време, зад трагичниот крај останува приказната што со децении ја симболизираше вербата во љубовта – и која засекогаш го промени текот на една од најомилените романтични комедии на сите времиња.

Сè започнало во 1989 година, на снимањето на филмот „Кога Хари ја сретна Сали“.

Роб Рајнер во тоа време минувал низ лична и емоционална пресвртница. Зад себе имал десетгодишен брак со актерката Пени Маршал, а потоа и деценија осаменост во која, како што самиот признал, ја изгубил верата во среќните краеви во љубовта.

Поради оваа внатрешна состојба, оригиналното сценарио на филмот предвидувало дека Хари и Сали – и покрај нивната силна врска – на крајот ќе раскинат.

– Бев во брак десет години и самец уште десет. Не можев да замислам дека некогаш повторно ќе го споделам мојот живот со некого. Затоа оригиналната идеја беше дека Хари и Сали нема да завршат заедно – зборувал Рајнер во интервјуата.

И потоа, речиси филмски, на снимањето ја запознал Мишел Сингер, фотографка чие присуство му го донело она што му недостасувало во животот – надеж.

Новата љубов кај Рајнер го разбудила чувството дека среќните краеви постојат, не само во филмот, туку и во реалниот живот.

– За време на снимањето, ја запознав жената што ќе ми стане сопруга – и тогаш го променив крајот на филмот – признал подоцна.

Благодарение на таа одлука, „Кога Хари ја запозна Сали“ доби оптимистички крај кој децении подоцна стана неразделен дел од филмската историја – и незамислив во која било друга верзија.

Рон и Мишел се венчале истата година кога филмот беше премиерно прикажан, 1989 година, започнувајќи брак кој траеше повеќе од три децении. Заедно имаа три деца – синовите Џејк и Ник, како и ќерката Роми, додека Роб Рајнер ја посвои и Трејси, ќерката од претходниот брак на Пени Маршал.

Семејството Рајнер често било заедно на црвените теписи, оставајќи впечаток на блискост и стабилност.
Роб и Мишел не биле само сопружници, туку вистински сојузници во секоја смисла. Заедно, тие се посветиле на хуманитарна работа, основајќи ја фондацијата „I Am Your Child“, посветена на развојот во раното детство, како и Фондацијата Рајнер, преку која се бореле за правата на семејствата и децата.

Тие беа и силни застапници за правата на ЛГБТК+ заедницата, не одвојувајќи ги личните вредности од јавното делување.

Нивното партнерство се проширило и во филмската индустрија – Мишел Сингер Рајнер работеше како продуцент на неколку проекти што ги режираше Роб, вклучувајќи го филмот „Шок и страхопочит“, како и неговиот најнов проект „Spinal Tap II: The End Continues“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation