Background

Лизгање на земјиштето на локален пат и мали штети на објекти, предизвика земјотресот со јачина од 6,1 степени што утрово беше регистриран во морскиот дел на околу 60 километри северно од островот Крит

Лизгање на земјиштето на локален пат и мали штети на објекти, предизвика земјотресот со јачина од 6,1 степени што утрово беше регистриран во морскиот дел на околу 60 километри северно од островот Крит, а според грчките сеизмолози нема простор за загриженост, јави дописничката на МИА од Атина.

Училиштата на Крит ќе останат отворени, засега не постои опасност од цунами, а претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за грчките медиуми посочи дека е позитивно што земјотресот бил со голема длабочина и оцени дека не се очекува интензивна последователна серија земјотреси.

Тој дополнително објасни дека со оглед на тоа што епицентарот е во подводниот дел и е доста далеку од Крит, последиците од земјотресот се мали, но и дека бил почувствуван во речиси пола Грција.

- Advertisement -
Ad image

Земјотресот беше почувствуван и на Пелопонез, Кикладите, Кипар, дури и во делови на Атина, а во Ираклио во северниот дел на Крит, паднаа делови од фасадата од постар објект во центарот на градот, а поради јачината, во продавниците производите паднале од полиците.

Градоначалникот на општина Ираклио Алексис Калокеринос во изјава за медиумите рече дека не постои никаков проблем, училиштата ќе останат отворени, а доколку е потребно, ќе се преземат дополнителни мерки.

– Нема да ги затвориме училиштата, разговарав со градоначалниците на околните општини, активирана е и групата за итни интервенции на цивилната заштита од нашата општина – рече Калокеринос.

Градоначалникот на општина Ситиа во североисточниот дел на Крит Јоргос Зервакис, за телевизијата Скај посочи дека беше еден од најсилните земјотреси во регионот и нагласи дека не постои никаков проблем во статичноста на училиштата

Танасис Ганас, шеф на одделот за истражување во Геодинамичкиот институт во Атина рече дека не очекува речиси никакви последователни потреси.

Пред помалку од десет дена земјотрес со јачина од 6,1 степен беше регистриран и во морскиот дел кај грчките острови Касос и Родос, што беше почувствуван и на Крит, но не беше предизвикана материјална штета.

Во изминатите денови имаше серијата помали земјотреси што го потресоа северниот дел на Евија, вториот по големина остров во Грција.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation