Background

Лиценцата на „Тритерол петрол“ била одземена со задоцнување од 15 месеци за кој период компанијата заработила 229.000 евра

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот, е сопственик на фирмата „Тритерол петрол ДООЕЛ“ која се споменува во кривичната пријава за претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Ѓаволот кој доби куќен притвор за случајот „Синџир“ по две години бегство и по скандалот со неговиот адвокат Фехми Стафа, повторно е во фокусот на јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Според Финансиската полиција, Бислимоски ѝ овозможил на нафтената компанија на Ѓаволот корист со тоа што за 15 месеци го одложил одземањето на нејзината лиценца за тргување со разни енергенси во 2024 година. За тој период компанијата остварила промет од над 3,16 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229.000 евра.

– Иако бил должен да почне постапка за одземање лиценца за вршење енергетска дејност, трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт – трговија на големо со „евродизел БС“ (Д-Е V), биодизел, „евросупер БС 95“, екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) и течен нафтен гас (ТНГ) на правното лице „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, поради неисполнување на законски пропишаните услови, донел незаконско решение за прекин на постапката и наместо лиценцата да биде одземена на 15.1.2024 година, таа е одземена дури на 14.4.2025 година – се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

„Тритерол петрол“ е друштво со ограничена одговорност основана во јуни 2013 година. Фирмата е регистрирана како друштво за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.

Бислимоски вчера изјави дека нема да дозволи никој да го валка неговото име. Според него, во Регулаторната комисија не постоел повластен статус за ниту една компанија и постапките при одземање лиценци се утврдувани од сериозен тим од Комисијата.

Адвокатот на Ѓаволот во притвор, Ѓаволот сам се предал

Ѓаволот изминатите месеци е во фокусот поради неговиот адвокат, Фехми Стафа, кој беше осомничен дека зел поткуп од 50.000 евра од сестрата на Ѓаволот за да влијае врз судија во Апелацискиот суд за Ѓаволот да не оди во притвор за случајот „Синџир“.

Како што е познато, Стафа беше фатен со дел од парите и заврши во притвор.

По две години во бегство, Пецов сам се пријави во судот и доби куќен притвор.

Подоцна, падна и судијата од Апелација, Ѓоко Ристов. Во домот на неговите родители беа најдени 350.000 евра соѕидани позади кујнска плочка.

Судскиот совет на итна седница со 10 гласа „за“ му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, по што му беше одреден куќен притвор и беше суспендиран од работа.

Добивал тендери и кога бил во бегство

Ѓаволот е еден од 26 осомниечни лица во случајот „Синџир“, кои се сопственици и управители на 28 фирми.

Пецов, заедно со бизнисменот Стојан Чифлигароски од Битола, кој е во бегство, се осомничени дека се организатори на групата која вршела даночни затајувања.

Во „Синџир“ се спомнува фирмата „Алма-комерц Ангел Пецов“ на Ѓаволот. Фирмата се товари дека издавала фактури за фиктивни услуги за да го намали ДДВ-т0 што требало да го плати. Фирмата добивала тендери за набавка на нафта и нафтени деривати и во времето додека Ѓаволот бил во бегство. Ова може да се види од податоците достапни на Електронскиот систем за јавни набавки.

Точеле помалку нафта, лапале повеќе од тендерите

Пецов и неговото семејство претходно беа осудени и во случајот „Керозин“ од пред десет години бидејќи нивната фирма „Алма комерц“ точела помалку нафта отколку предвиденото со тендерите кои оваа фирма ги добивала.

Судот пресуди дека тие, како сопственици на фирмата „Алма комерц“, биле организатори на групата. Меѓу останатите осудени се и сопственици на фирми со кои соработувале, потоа возачи на цистерни, но и вработени во оштетените институции. Се проценува дека фирмата успеала да заштеди 3.000 тони гориво, а со тоа да го оштети Буџетот за речиси 2,5 милиони евра.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation