Лисабон се приклучува на Лондон и на Париз

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Португалската влада ќе се консултира со претседателот и Парламентот за намерата да признае држава Палестина во септември во ОН, објави денеска кабинетот на премиерот Луиш Монтенегро.

Португалија „има намера да ја признае државата Палестина во рамките на постапка што може да се заклучи … на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН што ќе се одржи во Њујорк во септември“, се вели во соопштението.

На тој начин, Португалија ќе им се придружи на други земји како Канада, Велика Британија и Франција кои ја објавија својата намера да ја признаат државата Палестина во септември.

Минатиот четврток, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција официјално ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември, надевајќи се дека ќе создаде колективна динамика во тој поглед.

Како што додаде португалската влада, одлуката за признавање е донесена по бројни контакти со партнери и имајќи го предвид исклучително загрижувачкиот развој на конфликтот, како на хуманитарно ниво, така и поради постојаното споменување на можна анексија на палестинските територии од страна на Израел.

– Владата спроведе многу внимателна постапка, секогаш во согласност со своите европски колеги и други партнери – изјави португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Министерот за надворешни работи Пауло Рангел изјави за јавниот радиодифузен сервис РТП дека станува збор за „зрело осмислена одлука“.

Share This Article