Полицијата поднесе пријава за двајца лихвари од Охрид кои изнудиле речиси 158.000 евра, соопшти МВР.
„Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид. На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари“, се вели во полицискиот билтен.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45).