Лидерот на ДУИ Али Ахмети губи уште еден сојузник откако Турската демократска партија (ТДП) најави крај на коалицијата со „Европскиот фронт“.
Претседателот на Турската демократска партија (ТДП), Зулфиќар Зејнула, во интервју за порталот TimeBalkan најави дека соработката со „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ завршила.
Тој изрази загриженост за сè поостриот политички речник кој го користат двата најголеми етнички блока во земјава, нагласувајќи дека ТДП отсега ќе ги штити приоритетно интересите на турската заедница.
– Одлуката да учествуваме на изборите во 2024 година преку Фронтот беше донесена во согласност со тогашните политички околности и интересот на нашиот народ. Денес сме во нов процес – вели Зејнула.
Иако пратеникот на ТДП, Бејџан Илијаз, сè уште делува како дел од пратеничката група на Фронтот, во партијата се разгледува можноста за нова политичка ориентација пред локалните избори.
– Немаме затворен став околу идниот коалициски партнер. Она што е важно е заштитата на правата и интересите на турската заедница. Нашата лојалност не е кон коалиции, туку кон принципи – истакна Зејнула, додавајќи дека ТДП спроведува внатрепартиски консултации и дека, доколку биде потребно, ќе го праша и народот за поддршка на идната насока.
Tagged as:
Турската демократска партија го напушта Европскиот фронт
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
