Лиам Канингем од „Игра на троновите“ стана дел од флотата

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Флотила од десетици бродови натоварени со хуманитарна помош за Газа синоќа исплови од пристаништето во Барселона, откако се подобрија временските услови.

„Флотилата Глобал Сумуд“ мораше да се врати во Барселона поради лоши временски услови откако тргна од Барселона кон Газа на 31 август 2025 година, во хуманитарен напор за поддршка на палестинскиот народ. Иницијативата вклучува групи од 44 земји со 20 бродови.

Некои од бродовите на Глобалната мисија на флотилата „Сумуд“ засвирија сирени додека го напуштаа пристаништето. „Слободна, слободна Палестина“, извикуваа активисти собрани на пристаништето.

 

 

Меѓу учесниците во оваа пропалестинска акција се наоѓаат климатската активистка Грета Тунберг и актерот од серијата „Игра на тронови“, Лиам Канингем.

Флотилата има за цел да ја пробие израелската поморска блокада и да достави храна и неопходни хуманитарни материјали во енклавата, која е разурната од речиси двегодишната војна.

Израел тврди дека блокадата, воспоставена во 2007 година, е неопходна за да се спречи шверц на оружје кон палестинската милитантна група Хамас.

Обидите за пробивање на блокадата, вклучувајќи го и оној во јуни годинава, во кој исто така учествуваше Тунберг, властите во Тел Авив ги опишуваат како „пропагандни трикови“ во знак на поддршка на Хамас.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article