Background

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно

Летово се очекува да биде значително потопло и посушно, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Во Македонија постои многу голема веројатност дека температурите ќе ги надминат многугодишните просечни вредности. Надминувањето може да достигне и до 3 степени Целзиусови речиси на целата територија. Најголемо позитивно отстапување на температурата на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Како што информира УУХМР, според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се очекува летните температури да достигнат натпросечни вредности, а врнежите ќе бидат под просекот.

„Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има врнежи под просечните. Во Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во јули. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати, поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи“, се вели во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Многугодишниот просек (1991-2020) за температурите на воздухот во летната сезона изнесува околу 16 степени Целзиусови во планинските предели и до 26.1 степени во Гевгелија. Просечните врнежи во летниот период најмногу достигнуваат во источниот дел, околу 170 милиметри.

Според многугодишниот просек (1991-2020) температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 22,2°, 24,7° и 24,6° Ц. Просечната количина на врнежи во Скопје за јуни изнесува 47,6 милиметри, за јули 34,1 и за август 37,4 милиметри дожд на метар квадратен.

„Во престојната летна сезона постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време. Има веројатност и за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и за влажни продори. Повремено може да доминираат субсезонски варијации, кои не се предвидливи долго време однапред“, се вели во соопштението од Упрвата за хидрометеоролошки работи.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation