Летови за Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и за Келн до крајот на годината

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопје од ноември ќе биде поврзано со нови европски метрополи – Мадрид, Стокхолм, Прага, Бари и Келн. Ова го најави денес вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, по потпишувањето на договорот за новите пет редовни авиолинии што ќе стартуваат од скопскиот аеродром до крајот на 2025 година.

– Утрово потпишавме договор за пет нови дестинации кои ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Овие авиолинии ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис и повеќе можности за сите граѓани на Македонија – изјави Николоски.

Од ноември и декември – редовни летови до 5 нови европски града
Според договорот, од ноември 2025 ќе започнат редовни линии до Мадрид и до Стокхолм, а од декември ќе летаат и авиони до Прага, Келн и до Бари.

– Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Тие ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за нашите граѓани – додаде министерот.

Веќе се отворени 16 авиолинии за една година

Со овие пет нови, Македонија доаѓа до вкупно 16 нови авиолинии во само една година, потврди Николоски.

– Бројките го покажуваат тоа – само во првата половина од оваа година, од скопскиот и охридскиот аеродром се превезени 1,5 милион патници. Тоа е зголемување од 5% на скопскиот и 11% на охридскиот аеродром – рече Николоски.

Министерот најави и дека во наредниот период ќе следуваат уште нови линии, со што македонските аеродроми ќе станат уште поатрактивна точка на европската авио-мрежа.

Share This Article