Background

Летна школа во манастирот Слепче посветена на големите црковни јубилеи

Во организација на манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар, и Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, од 7 до 10 јули 2025 година ќе се одржи 8. Слепченско-демирхисарска летна школа, посветена на големите црковни јубилеи и годишнини на Охридската архиепископија и на Слепченскиот манастир – 500 години архиепископ Прохор и Слепченски книжевен центар.

Во рамките на програмските активности на школата се предвидени повеќе настани, меѓу кои и промоција на монографијата „Црковното книжевно наследство на Слепченскиот манастир ’Св. Јован Претеча’ од акад. Ѓорги Поп-Атанасов, на фототипните изданија од збирката на слепченските ракописи, во рамките на одржувањето на четвртиот меѓународен научен собир „Слепченскиот книжевен центар и архиепископот Прохор“ (500 години од хиротонијата на архиепископот охридски Прохор – 1525-1550), тематски насочен кон научно валоризирање, проучување и афирмирање на книжевните, историските и уметничките традиции на Слепченскиот манастир и на Охридската архиепископија во времето на архиепископот Прохор (1525-1550).

На симпозиумот ќе учествуваат предавачи од академиите, универзитетите и научните институции од повеќе земји во регионот.
Оние што се заинтересирани да ги следат предавањата можат да го контактираат манастирот преку контакт-формата на веб-страницата manastirslepche.mk.

- Advertisement -
Ad image

„Денес во македонската културна и научна јавност Слепченско-демирхисарска летна школа прерасна во препознатлив научно-едукативен бренд. Според својот формат, концепција, број на учесници, теми и учество на релевантни државни образовни и научни институции и едукатори, а особено според бројот на заинтересирани студенти, дипломци, магистранди и докторанди, таа е пред сите слични т.н. летни работилници“, велат организаторите на настанот.

Утре претпромоција на Спомен -соба на Радио Демир Хисар                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Mеѓу другите настани, организаторите за утре во 19 часот посебно ја најавуваат големата претпромоција на музејот Спомен-соба на Радио Демир Хисар.
Претпромоцијата е организирана за учесниците на летната школа, но и за сите заинтересирани граѓани што сакаат ексклузивно да ја слушнат професионалната и животната приказна на новинарот Љубомир Гајдов – сведоштво за едно време, еден медиумски свет и една уникатна новинарска мисија.
Инаку, официјалното отворање на музејот е прелиминарно најавено за 24 јули 2025.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation