Појасот Газа стана масовна гробница за Палестинците и оние кои се обидуваат да им помогнат, соопшти денеска организацијата Лекари без граници.
Сведоци сме на уништување и присилно раселување на целото население на Газа“, се вели во соопштението.
Палестинските власти објавија дека 13 лица се убиени во нови израелски воздушни напади.
Се наведува дека израелската армија продолжила да урива куќи во Рафах, во јужниот дел на Појасот Газа, пренесува Ројтерс.