„Фанатикс Студиос“ беше домаќин на публика од А-листата на својата ВИП забава во Лос Анџелес во четврток вечерта.
Том Брејди, Кендал Џенер, Хејли Бибер, а меѓу нив и 82-годишниот Мик Џегер и други, сите беа на забавата за отворање на „Фанатикс Флег Фудбал Класик“ во Алба, Лос Анџелес.
Легендарниот рок пејач е фотографиран и по големата забава, а медиумите коментираат дека легендарниот музичар изгледал видливо исцрпен додека ја напуштал забавата.
Сепак, Мик Џегер уште еднаш покажа дека не пропушта големи настани и ноќни забави.
Е сега, снимките го покажувале како изгледал поспано и замислено додека ја напушта забавата…Па човекот има 82 години и сè уште го следи ритамот на најголемите светски забави, па смее да изгледа уморно, нели?



