„Ледената дама“ Сузи Вајлс, шефица на кабинетот на Белата куќа била клучна во помирувањето меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот доскорешен сојузник, милијардерот Илон Маск, се тврди во напис на „Аксиос“.
Изворот за медиумот рекол дека Сузи прво му се јавила на Маск и зборувале по што го вклучиле и потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс во разговорот. Ди Венс, „десната рака на Трамп“, се смета за близок до претседателот.
Вајлс е првата жена на функцијата шеф на кабинетот на Белата куќа. Таа ја предводеше кампањата на Трамп за време на претседателските избори, а самиот Трамп ја нарече „ледена дама“.
Според написот, помирувањето меѓу Трамп и еден од најбогатите луѓе на светот, Илон Маск, е знак дека и двајцата имаат корист од обновувањето на добрите односи. Вселенската компанија на Маск, СпејсИкс, има договори од повеќе милијарди долари со американската влада.
Кавгата меѓу Трамп и Маск доби огромни димензии кога Маск го обвини Трамп дека е дел од досиејата на педофилот Џефри Епштајн. Несогласувањата почнаа недели претходно откако Маск не се сложи со новиот закон на администрацијата на Трамп.
Законот не ја обврзува американската администрација да набавува електрични возила од компанијата „Тесла“ на Маск. Буџетот, кој предвидува големи даночни олеснувања и зголемени трошоци за одбрана, беше усвоен од Претставничкиот дом минатиот месец и сега е на разгледување во Сенатот.
Во превирањата меѓу Трамп и Маск се појавија и наводите дека Маск користел апчиња кетамин и дека станал зависен од овие наркотици.
Запрашан во понеделник за извештаите што сугерираат дека Маск користел дрога, Трамп рече дека се надева оти извештаите се невистинити и му посака на Маск сè најдобро.
Трамп претходно го обвини Маск дека бил под дејство на дрога во врска со написите на Маск на Икс за Трамп.
Од друга страна, Маск рече дека Трамп не му заблагодарил што тој му ја донел победата на претседателските избори во ноември 2024 година.
Белата куќа преку својата портпаролка побара извинување за објавите. Маск подоцна се извини.
„Жалам за некои од објавите за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидов предалеку“, изјави Маск на својата платформа Икс откако претхдно го нарече даночниот план на Трамп „гадна абоминација“.
Одговарајќи на извинувањето на Маск, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, им рече на новинарите дека Трамп „ја забележал објавата на Маск утрово и ја цени“.
Запрашан во понеделник, 9 јуни, за извештаите што сугерираат дека Маск користел дрога, Трамп рече дека се надева оти извештаите се невистинити и му посака на Маск сè најдобро.
Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS