Background

Лазаров ќе се надмудрува со легендарниот Вујо

Македонската ракометна репрезентација денеска продолжува со натпреварите од главната рунда на Светското првенство. Со почеток во 15:30 часот, избраниците на Кирил Лазаров ќе ги одмерат силите против Катар, тим кој е предводен од тренерот Веселин Вујовиќ кој е добро познат на македонската јавност.

Во драматичните отворања на главната рунда, Македонија освои бод против Австрија благодарение на мајсторскиот погодок на Филип Кузмановски во последната секунда, додека Катар го загуби натпреварот против Холандија со гол примен со звукот на сирената.

Историјата на меѓусебните дуели помеѓу овие две селекции е кратка. Единствената средба се случи на Мундијалот во Шпанија во 2013 година, кога Македонија триумфираше со 30-34, а Кирил Лазаров блесна со девет гола.

- Advertisement -
Ad image

Иако крајниот пласман не е од суштинско значење, денешниот натпревар носи надеж и можност за нашите ракометари да ја потврдат својата борбеност и квалитет. Победа би можела да нè донесе на четвртото место во групата, а минимален бод ни дава шанса за подобар пласман од 19-21 место.

– Очекувам неизвесен натпревар. Катар има силна селекција со натурализирани играчи кои прават разлика. Но, верувам во нашиот тим и во уште една одлична борба на теренот – изјави селекторот Лазаров пред денешната средба.

Ракометната легенда Веселин Вујовиќ, кој во минатото на кратко ја водеше и Македонија,смета дека фаворитската улога за победа ја имаат „црвено-жолтите“.

– Ја гледам Македонија и според начинот на којшто игра, трча, се бори, прави голем чекор кон модерниот ракомет. Мислам дека Лазаров избра поперспективни ракометари наместо некои поквалитетни. Нема да биде лесно да го кренам тимот по ваквиот пораз од Холандија, лошо е чувството. Македонија повеќе ни одговара отколку брзата Холандија, ќе се обидеме да одиграме најдобро што знаеме. Би рекол дека Македонија е благ фаворит поради полетноста и младоста. Посакувам добар меч и нека победи подобриот – рече Вујовиќ.

Адути на Катар се нивниот селектор Веселин Вујовиќ, кој добро го познава македонскиот тим, другите двајца Балканци, Марковиќ и голманот Суљаковиќ, како и Кубанецот со катарски пасош, Франкис Марсо.

Македонската публика е повикана да застане зад нашите ракометари, без разлика на крајниот резултат. Оваа генерација покажува дека македонскиот ракомет има светла иднина и дека успехот не се мери само со пласман, туку и со срце на теренот.

Денеска во групата 2 се играат и мечевите Холандија – Франција и Унгарија – Австрија.

Во последното коло од групната фаза (сабота) од 15:30 ќе играат Холандија и Австрија, по нив од 18:30 следи дуелот Унгарија-Катар, а како шлаг на вечерта од 20:30 репрезентатцијата на Македонија ќе ги одмери силите со фаворитот Франција.

Инаку во нашата група по досегашните одиграни натпревари прва е Франција со 6 бода, потоа следи Холандија со 4. По три бодови имаат Унгарија и Австрија, Македонија е петта со 2 бода, а на последното место е Катар со нула бодови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation