Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утре ќе ја посети Турција за да разговара за неговата неодамнешна средба со американската делегација за ставање крај на војната во Украина, како и за придонесот што Анкара може да го даде во тој процес, изјави денеска неименуван функционер од турското Министерство за надворешни работи.
Турција, членка на НАТО, која беше домаќин на првите разговори меѓу Русија и Украина веднаш по почетокот на војната во 2022 година, е подготвена повторно да преземе таква улога во наредниот период, рекол изворот.
Посетата на Лавров се совпаѓа со тригодишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина.