Под влијание на силен ладен циклон со центар над Џеновскиот залив, вечерва, во текот на ноќта и утре претпладне петок 27-ми март 2026 во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) а ќе има појава и на ретки грмежи. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог особено во западните предели (над 25 литри на метар квадратен дожд).
Метеопрогнозерот Славчо Поповски вели дека поради продор на ладен воздух од север на повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина и особено во западните и во северозападните предели од Македонија ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова снежна покривка од над 10 до 15 сантиметри.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.
Tagged as:
Ладниот циклон доаѓа во земјава снег и со силен ветер ќе започне со обилен дожд
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
