Неколку непознати лица ноќеска влегле во сите влезови на зграда која се наоѓа над трговски центар на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово и се распрашувале за вработени во Основниот суд Куманово, потврди полицијата.
Случајот бил пријавен во СВР Куманово на 24 јули 2025 година, во 00:56 часот по полноќ.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.
Во моментов не е познато колку лица се инволвирани, ниту со каква цел се интересирале за судски службеници или судии.