Вработен од туристичка агенција од Скопје зел кеш 2.000 евра од муштерика од Куманово, на која не ѝ дал сметка за уплатата на аранжманот, потоа не ѝ го овозможил платеното патување, а на крајот не одговарал на нејзините повици.
„На 28.10.2025 година во СВР Скопје 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025 година, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршената уплата да ѝ биде дадена во наредните денови. Таа неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето ѝ кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да ѝ бидат вратени, лицето не одговорило на повиците“, соопшти денеска полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во соопштението.
Tagged as:
Кумановка измамена од вработен во туристичка агенција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
