Топ Вести - Слушај сега
КС Групацијата продолжува со своите општествено-одговорни активности, насочени кон поддршка на институции и иницијативи што имаат значење за заедницата. Во рамки на овие активности, компанијата Premium Safety Solutions, членка на КС Групацијата од Битола, ја поддржа традиционалната манифестација за избор на најдобрите вработени во ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија.
Настанот, кој се одржува шеста година по ред, има за цел да ја истакне професионалноста, посветеноста и човечката димензија на здравствените работници, како и да ја поттикне мотивацијата и тимскиот дух во здравствениот систем. Преку анонимно гласање, вработените на клиниката ги избираат најдобрите колеги во осум категории.
Како дел од поддршката, Premium Safety Solutions ја обезбеди наградата за најдобра организациска единица.
Од КС Групација истакнуваат дека ваквите иницијативи се дел од нивната долгорочна стратегија за општествена одговорност и поддршка на клучните сектори во општеството, особено здравството и образованието.
„Веруваме дека признанието и поддршката на луѓето кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните е од исклучително значење. Како компанија, остануваме посветени на иницијативи што носат вистинска вредност за заедницата“, велат од КС Групацијата.
Со оваа поддршка, КС Групацијата уште еднаш ја потврдува својата улога како одговорен општествен партнер и активен учесник во градењето подобри услови за живот и работа.

Tagged as:
КС Групацијата со поддршка за најдобрите работници на ЈЗУ УК за Пулмологија и Алергологија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
