25-годишна Србинка со иницијали Т.С. вчера со нож го нападнала Г.М. (49) од Охрид, при физичка пресметка што се случила во угостителски објект во строгиот центар на градот. Инцидентот се случил во објект лоциран на плоштадот „Св. Климент Охридски“, а и двајцата учесници во тепачката се приведени од страна на полицијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот бил извршен со остар предмет – нож, при што полицијата интервенирала веднаш по пријавата за нарушен јавен ред и мир. Т.С. и Г.М. се приведени, а против нив ќе биде поведена соодветна постапка.
– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Охрид.