Кривична пријава против директорот на основното училиште во Делчево

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Полицијата поднесе кривична пријава против директорот на основното училиште во Делчево, затоа што склучил договор за превоз на учениците без да распише јавна набавка.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во периодот од 1.9.2021 до 19.10.2021 година постапил спротивно на член 77 и член 49 од Законот за јавни набавки. Имено, без донесена одлука и без спроведена поедноставена отворена постапка, во која секој заинтересиран економски оператор може да поднесе понуда врз основа на оглас за јавна набавка, без да склучи договор за јавна набавка за превоз на ученици во периодот, повикувајќи се на претходен договор со истечен рок на важност, Г.В. усно договорил превоз на ученици од училиштето со правно лице од Делчево. На тој начин овозможил правното лице да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 193.000 денари“, се вели во соопштението.

Исто така, се додава во соопштението, пријавениот му платил на правното лице за сите релации и покрај тоа што знаел дека за дел од релациите превозот го вршел подизведувачот, кој поднел тужба и со пресуда на Апелационен суд Штип од училиштето му биле исплатени 200.074 денари

Share This Article