Топ Вести - Слушај сега
Кристин Кабот почна да верува дека нејзиното молчење повеќе не е добро за неа.
На почетокот имаше смисла, откако се појави на Џамботрон во прегратката на нејзиниот шеф на концертот на Колдплеј на 16 јули 2025 година, момент што предизвика да биде ставена на меѓународен столб на срамот.
На Тик-Ток снимката доби 100 милиони прегледи за неколку дена. Кабот се повлече, обидувајќи се да ги поправи работите со луѓето што ѝ беа најважни: нејзините две деца – тинејџери, нејзиниот работодавач, технолошката компанија Астрономер и нејзиниот сопруг, Ендру Кабот, од кого била разделена и преговарала за спогодбен развод.
На почеток, сè што можела да помисли било тоа дека повредила многу добри луѓе, пишува Њујорк Тајмс.
Пет месеци подоцна, во првото интервју по скандалот, Кабот раскажа за периодот кој следел по таа ноќ.
На социјалните мрежи беше нарекувана со погрдни имиња – од љубовница до уништувач на семејства. Нејзиното тело и изглед беа оценувани со многу погрдни коментари, а понижувањето претворено во меѓународна интернет-забава.
Значи, додека #coldplaygate, како што почна да се нарекува, исчезна од видното поле, таа живее со него секој ден.
Нејзините деца не сакаат да бидат видени со неа. Непосредно пред Денот на благодарноста, една жена ја препознала додека точела бензин. Таа ја нарекла Кабот „одвратна“ и ѝ рекла:
– Прељубниците се најниската форма на човек. Вие дури и не заслужувате да го дишете истиот воздух што го дишам јас.“ Тука Кабот парафразира.
Во нејзината јавна дискредитација учествуваа и познати личности од Вупи Голдберг до Гвинет Палтроу па дури и маскота на спортски тим.
Ситуацијата брзо прерасна во сериозен безбедносен проблем. Кабот добивала и по неколку стотици повици дневно, папараците дежурале спроти нејзината куќа, а непознати лица шетале по улицата. Имало и смртни закани. Добивала по 500-600 повици на ден и по 50-60 смртни закани.
– Моите деца се плашеа дека ќе умрам. Дека ќе умреме сите – рекла таа.
Во интервјуто, Кабот првпат јасно кажува дека не била во врска со својот шеф. Таа вечер испиле неколку пијалаци, танцувале и се однесувале опуштено, но како што тврди, тоа бил единствениот пат кога се бакнале.
– Направив лоша одлука. Преземав одговорност и затоа останав без кариера. Тоа е цената што ја платив. Но сакам моите деца да знаат дека грешките не значат дека заслужувате закани со смрт – рекла таа.
Веднаш по концертот, директорот на компанијата поднел оставка, а „Astronomer“ започнал интерна истрага. Кабот, и покрај понудата да се врати како директорка за човечки ресурси, решила да замине сметајќи дека не може да ја извршува функцијата додека е предмет на јавни исмејувања.
Последиците на скандалот не биле само професионални. Кабот опишува периоди кога со денови не излегувала од собата, имала страв од јавни простори, инциденти кога непознати жени ја навредувале пред нејзините деца и моменти кога децата ја молеле само да се вратат дома.
– Не знаев како да ги заштитам – признава таа.
Особено ја погодило тоа што, како што вели, најжестоките реакции дошле од други жени.
Иако долго верувала дека молчењето ќе ја смири ситуацијата, Кабот сфатила дека тишината всушност ја потврдува приказната што интернетот веќе ја создал.
Молчењето изгледало како признавање, а тоа би било она по што би ја памтеле засекогаш.
Затоа таа одлучила да проговори – не за да се оправда, туку за да постави прашање што и понатаму виси во воздухот:
Дали навистина е нормално приватен момент на некој да се претвори во глобално јавно распнување?
– Направив грешка, но ова отиде предалеку – вели Кабот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
