Фудбалерот Кристијано Роналдо во неделата имаше голема причина за славење бидејќи со репрезентацијата на Португалија ја освои Лигата на нации победувајќи ја Шпанија во финалето кое се играше во Минхен.
Меѓутоа, неговата свршеница, Георгина Родригез, која беше присутна во ложата, привлече големо внимание.
Особено моментот кога се приближи до оградата за да го добие најдобриот можен агол за да го сними Роналдо. Георгина тогаш ја стави раката на стомакот, кој, според многумина, изгледаше позаоблен и поголем од вообичаеното.
Видеото што се појави на една од страниците посветени на Кристијано Роналдо предизвика бројни коментари, а корисниците на социјалните мрежи веднаш почнаа да шпекулираат дали Георгина можеби повторно е бремена.
Тоа не е сè.
По финалето на Лигата на нации, Георгина се појави на прославата на 10-годишнината од Нетфликс во Шпанија, каде што носеше провокативен фустан од корсет инспириран од долна облека. Фотографиите брзо станаа вирални, дополнително поттикнувајќи ги шпекулациите за можна бременост, токму поради нагласениот стомак што го истакнуваше фустанот.
Да потсетиме дека Роналдо и Георгина имаат две ќерки, а близнаците им ги роди сурогат-мајка. Славниот фудбалер има и син, но никогаш не се дозна која е неговата мајка. Кристијано Роналдо помладиот има 14 години, а неговата биолошка мајка никогаш не се дозна.
Двојката го загуби својот син, кој беше близнак со нивната ќерка Бела, во текот на породувањето.
Tagged as:
Кристијано ќе стане татко по шести пат!
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
