Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тимот на Трамп, се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.
„Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот на Џеј Ди Венс минатата недела во Германија“, напиша Павловски на Х.
Говорот на Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон го пренесоа сите меинстрим платформи во САД.
Коментирајќи ги изјавите на некои од присутните дека говорот на Џеј Ди Венс бил мешање во внатрешните работи на суверени земји, Мицкоски рече дека на панел дискусија во Минхен потсетил на фактот дека од почетокот на независноста, заради остварување на стратешките цели да биде полноправна членка на НАТО и на ЕУ, Македонија ги смени своето знаме, својата валута, своето име и својот Устав, поради тоа што некои наши соседи го злоупотребиле своето членство во овие организации за да наметнат билатерални барања.
– Ако ова не е мешање во внатрешни работи на една суверена земја, тогаш што е? За што зборуваме ние? – праша Мицкоски.
Tagged as:
Крис Павловски воодушевен од говорот на македонскиот премиер во Вашингтон
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
