Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, планира да издаде извршна наредба со која ги дефинира криптовалутите како национален приоритет на Америка и ќе им овозможи на инсајдерите во индустријата да ги изразат своите ставови во рамките на претседателската администрација, пишува Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори.
-Тоа е стратешка формулација која има за цел да ги насочи владините агенции во САД да работат со индустријата за криптовалути – велат изворите.
Трамп планира да формира и советодавен совет за криптовалути кој ќе се залага за приоритетите на индустријата.
-Наредбата може да вклучи и директива сите владини агенции да ги прегледаат политиките за дигитални средства и евентуално да ги паузираат сите судски спорови кои вклучуваат криптовалути – велат изворите.
Се разгледува и создавањето на национален залихи на биткоин кој би ги вклучил постоечките државни акции на најголемата криптовалута во светот.
Според аналитичката компанија Arkham, американската влада моментално поседува биткоин во вредност од речиси 20 милијарди долари, запленет како дел од различни истраги.
Индустријата за криптовалути беше често под лупа за време на претседателствувањето на Џозеф Бајден, така што оваа одредба би претставувала голема промена.