Гитаристот на бендот Дорси (The Doors) и композитор на многу песни, Роби Кригер, иронично изјави дека првиот хит на некогашниот американски рок-состав – песната „Light My Fire“ (во превод: „Запали ме“ или „Запали го мојот оган“), требало да се вика: „Не фрлај ме во оган“ (Don’t Set Me on Fire).
Со горка насмевка, 79-годипниот Кригер се шегуваше на своја сметка, на Јутјуб-емисијата на Рик Бито, појаснувајќи дека оригиналниот наслов „ја напишал судбината“ на неговиот семеен дом во Пасадена, Калифорнија, САД. Имено, таа куќа изгоре во пожарите што го зафатија Лос Анџелес и околината во средината на јануари оваа година.
Таму се родил и израснал идниот гитарист на Дорси, заедно со неговиот брат близнак, а на тоа место и групата одржувала проби на почетокот на нивната кариера, каде што беше создаден споменатиот хит – „Light My Fire“.
Во прилог, легендарната песна на бендот „Дорс“, „Light My Fire“