Русија е подготвена да преговара со официјален Вашингтон, но тоа не мора да биде по секоја цена, изјави заменикот министер за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.
Според него САД би требало да преземат прв чекор кон нормализација на односите.
– Русија е подготвена да разговара со САД во режим на тешки преговори со оглед на реалната ситуација, поврзана со Украина, со однапред одреден американски избор и во полза на нашиот национален интерес – посочи Рјабков.