Рускиот претседател Владимир Путин не коваше заговор со кинескиот претседател Си Џинпинг и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун против САД, соопшти Кремљ.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека е „многу разочаран“ од Путин и во објава на своите социјални мрежи сугерираше дека Си, Путин и Ким коваат заговор против САД.
На прашањето од руската државна телевизија за коментарите на Трамп, рускиот претседателски помошник за надворешна политика Јуриј Ушаков рече дека Трамп можеби бил ироничен.
„Би сакал да кажам дека никој не коваше заговор, никој не планираше ништо. Ниту еден од овие тројца лидери немал таква идеја“, рече тој.