Русија ја нападна Украина со 479 дронови во најголемиот напад со беспилотни летата од почетокот на војната, соопшти денеска украинското воено воздухопловство.
Русија лансираше и 20 различни ракети врз делови од Украина.
Украинската противвоздушна одбрана уништила 277 дронови и 19 ракети во лет, а само 10 беспилотни летала или ракети погодиле мета.
Руските воздушни напади почнуваат доцна навечер бидејќи потешко се забележуваат во темнина.
Русија тврди дека гаѓа само воени цели.