Кремљ го олади оптимизмот за брз напредок во дипломатските напори за крај на војната

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Русија ги намали очекувањата за можно пробивно решение на претстојните разговори со Украина во Турција, во услови кога украинските власти соопштија дека едно дете е убиено, а повеќе од 20 лица се повредени во ноќни руски напади, објави Ал Џазира.

– Немаме никаква причина да се надеваме на некое чудо од пробив. Во сегашните услови тоа едвај е можно. Имаме намера да ги следиме нашите интереси, да ги обезбедиме нашите интереси и да ги исполниме задачите што си ги поставивме уште од самиот почеток – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во вторникот.

Најавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавена доцна во понеделникот, дека ќе се одржат нови разговори, разбуди одредени надежи дека преговарачите можеби ќе успеат да постигнат напредок во запирањето на војната што започна со руската инвазија во февруари 2022 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, врши дополнителен притисок врз Русија да се врати на преговарачката маса бидејќи претседателот Владимир Путин сѐ уште цврсто стои зад своите барања.

Третата рунда разговори во изминативе неколку месеци треба да се одржи во Истанбул в среда. Претходните преговори доведоа до неколку разменувања на воени заробеници и телата на загинати војници, но не донесоа никакви резултати во однос на прекин на огнот.

Во вторникот, Зеленски на социјалните мрежи објави дека делегацијата на Украина ќе ја води Рустем Умеров, поранешен министер за одбрана и актуелен секретар на Советот за безбедност.

Тој се обрати и до амбасадорите на Украина ширум светот, посочувајќи дека на мировниот процес му е потребна поголема динамика. Според него, единствено лидерска средба може да донесе вистински напредок во преговорите.

Тој истакна дека Украина има конкретен и јасен фокус: ослободување на заробениците, враќање на киднапираните украински деца и подготовка за директна средба меѓу него и рускиот претседател. Амбасадорите добија задача да ги пренесат овие приоритети до земјите домаќини и да обезбедат дипломатска и политичка поддршка.

Русија сѐ уште не ја соопшти составот на својата делегација. На претходната рунда, нејзиниот тим го предводеше тврдокорниот историчар и актуелен претседател на Сојузот на писатели на Русија, Владимир Медински, кој од страна на Украина беше оценет како „човек без реална моќ на одлучување“.

На прашањето во вторникот дали може да каже нешто за тоа кога Кремљ очекува евентуален мировен договор, Песков рече дека не може да даде никакви проценки.

- Advertisement -
Ad image

– Пред да може да се зборува за некаква средба на највисоко ниво, има уште многу работа – додаде тој.

И покрај најавените разговори, руската офанзива продолжува – со интензивни напади на источниот и на североисточниот дел од 1.000 километри долгата фронтова линија.

За потсетување, руските сили успеале да навлезат во украинскиот град Покровск во Донецката област.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article