Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека постапките и изјавите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се контродикторни.
– Администрацијата на Трамп е многу контродикторна во своите постапки и изјави. Тоа не ја олеснува работата. И покрај тоа, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи – посочи Рјабков.
Тој додаде дека Русија знае како да се спротивстави на сите можни дополнителни санкции од Вашингтон.
– Знаеме како да се спротивставиме на санкциите. Гледаме дека изминатите години развија алатки и шеми што во најголем дел овозможуваат да се задоволат одредени потреби во голема мера преку супституција – истакна Рјабков.