Кредитите ќе бидат во износ до 10 милиони евра и со историски ниска камата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата денеска стави на располагање на компаниите 250 милиони евра евтини кредити од заемот од Унгарија. Компаниите ќе можат да земат кредит до 10 милиони евра со рок на враќање од 15 години и грејс период од 3 години и каматна стапка од 1,95%.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес конференција соопшти дека  доделување на парите ќе се врши преку комерцијалните банки во земјава, а право да аплицираат имаат сите комапании.

Постапката е еднаква за сите компании со посебен услов за учество од 20 % и без никаков надомест за одобрување. Одлуката која компанија ќе добие кредит е на комерцијалните банки според своите услови.

Посебен услов од владата е пари од овој заем да не можат да земаат компании од секторот производство и трговија со алкохол освен на пиво и вино производство на тутун и компании за коцкање , игри на среќа и слично.

Мицкоски оцени дека ова  претставува историски највисока поддршка за домашните компании.

-Ова е историски најголема сума до сега која директно се става на располагање на стопанството и претставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедила за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие може да ги користат овие пари преку давање на супер ниска каматна стапка. Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која парите ќе станат достапни за компанијата е преку министерството за финансии.

Мицкоски очекува значајно влијание за стопанството.

-Ова значи посилна економија, нови инвестиции, нови работни места –рече Мицкоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска рече дека док за да се потрошат парите е 15 години колку што е рокот на отплата  на кредитите, а со овие пари ќе располага Развојната банка.

- Advertisement -
Ad image

– Со потпишување на договорите Развојната банка ќе ги добие парите од буџетот – рече Димитриеска Кочоска.

Share This Article