Background

Кралот Чарлс не останал покус, францускиот претседател му намигнал и нему

Францускиот претседател Емануел Макрон беше фотографиран како ѝ намигнува на принцезата од Велс додека разменуваа топли зборови за време на свечената банкет-вечера во замокот Виндзор, одржана во вторникот. Макрон беше сместен веднаш до принцезата Кејт, а двајцата биле видени како наздравуваат и разговараат низ целата вечер, објави британски Експрес.

Оваа свеченост, прва по 2014 година што се одржа во Виндзор поради реновирањето на Бакингемската палата, го означи и почетокот на тридневната државна посета на францускиот лидер во Обединетото Кралство. Макрон дури и му намигнал на кралот додека го одржувал својот говор, споменувајќи ги културните врски меѓу Франција и Велика Британија, како и фактот дека Французин – Вилијам Освојувачот – ја започнал изградбата на замокот Виндзор пред повеќе од 900 години, а неговиот син Вилијам денес живее таму.

Кралот Чарлс им се обратил на гостите – меѓу кои биле кралицата, принцот и принцезата од Велс, премиерот и високи членови на владата – со зборовите:

- Advertisement -
Ad image

– Господине претседателе, самитот што вие и премиерот ќе го одржите во Лондон оваа недела ќе ја продлабочи нашата алијанса и уште повеќе ќе го прошири нашето партнерство. Нашите армии ќе соработуваат уште поблиску ширум светот, вклучително и во поддршката за Украина, како дел од Коалицијата на подготвените – во одбрана на слободата и вредностите. Со други зборови, во одбрана на нашите заеднички идеали.

Меѓу гостите на раскошниот банкет биле и Сер Мик Џегер со свршеницата Мелани Хамрик, Сер Елтон Џон со сопругот Дејвид Фурниш, како и актерката Дејм Кристин Скот Томас.

На вечерата присуствувале и војводата и војвотката од Единбург, принцезата Ана и нејзиниот сопруг, вицеадмиралот сер Тим Лоренс, поранешната голманка на Англија Мери Ерпс (сега член на Пари Сен Жермен), авторите Џоан Харис и Себастијан Фолкс и скулпторот сер Ентони Гормли.

Имало и весели моменти, кога кралот се пошегувал за францускиот цртан лик Астерикс, кој не можел да сфати зошто Британците толку сакаат чај со малку млеко и спомна дека вечерта се служело „англиско пенливо вино произведено од француска шампањска куќа“.

Тој ги опишал и „совршените комбинации“ меѓу Франција и Британија – како сликите на Моне со лондонската магла и славниот француски фудбалер Тјери Анри кој дава голови на стадионот Хајбери во дресот на Арсенал.

И Макрон одржач говор, претежно на француски, но дел и на англиски, во кој зборувал за позајмувањето на гобленот од Баје, кој ќе биде изложен во Британскиот музеј следната година.

– Првпат по 900 години, гобленот од Баје ќе ја следи истата патека како и воините чии приказни ги раскажува и ќе слета на британско тло. Недостигаат последните сцени кои или никогаш не биле изработени или се изгубиле. Јас го гледам тоа како уште посилен симбол – во големиот мурал на француско-британската историја, крајот сè уште не е напишан – рекол Макрон.

Фотографијата од моментот кога Макрон ѝ намигна на Кејт Мидлтон можете да ја погледнете ТУКА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation