„Коцевски немал судир на интереси за ниту еден предмет“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинителството реагира на тврдењата на пратеникот Антонио Милошоски дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски има судир на интереси и дека направил крупна професионална грешка во случајот со спогодбата на членот на Советот на ЈО, Иџет Мемети и на врховниот судија Наќе Георгиев, кои беа обвинети за поткуп.

„Ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес“, кусо реагира Обвинителството на објавата на пратеникот Милошески, кој пак, постави повеќе прашања до обвинителот.

Милошоски претходно денеска објави дека спогодбата со Иџет Мемети и Наќе Георгиев е аргумент плус за разрешување на Државниот јавен обвинител Коцевски.

„Државниот обвинител Коцевски и Иџет Мемети се познаваат долги години, а во времето на истрагата за стореното кривично дело заедно беа колеги, односно и двајцата беа членови во Советот на јавни обвинители. И бидејќи секоја можна спогодба за сторен криминал во предмет од интерес за јавноста се реферира пред државниот јавен обвинител, во овој случај Коцевски како колега на Иџет Мемети, требало заради објективна пристрасност да се изземе од предметот“, напиша Милошоски на Фејсбук.

Share This Article