Background

Костадиновски го предупредува Гаши дека е при крај рокот за корекција за Законот за електронски комуникации

За еден месец истекува рокот којшто Уставниот суд му го даде на Собранието за да направи измени во Законот за електронските комуникации, во врска со трите члена кои опфаќаат задржување на „мета податоци“ кај операторите, предупреди претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

Костадиновски апелираше дека доколку Собранието не ги донесе измените, постои опасност по безбедноста на државата, односно институциите да немаат надлежност да собираат  мета-податоци од граѓаните, кои се клучни во откривање на евентуални кривични дела.

– За еден месец истекува рокот што му го одредивме на Собранието за Законот за електронски комуникации. Станува збор за употребата и пристапот на т.н. мета-податоци. Мета-податоци се оние податоци кои секој од операторите е должен да ги чува 12. За секој еден граѓанин. Тоа се податоци за потребите на безбедноста на државата, за докази во евентуална кривична постапка. На пример, мета податок е дека денеска сум се јавил 5 пати на тебе, во моментот сум во Бугарија и во Грција. Тоа се многу важни податоци од кои можат да се извлечат заклучоци со кого комуницирам, со која земја, дали со странски државјани. Тоа се многу важни податоци –  рече Костадиновски во гостување на Канал 5.

- Advertisement -
Ad image

На последниот брифинг со новинарите претседателот на Собанието, Африм Гаши, рече дека Собранието работи според Уставот и Деловникот и не може да се ракводи од  акти на други институции, ниту да прима наредби од други институции. Гаши рече дека не се сеќава дека до Собранието стасал допис дека Законот за електронски комуникации им е вратен на доработка со рок од 6 месеци. Додаде дека ако стасал таков допис, тој ќе го прател до сите пратеници, а потоа пратениците може да покребат иницијатива за доработка за Законот за електронски комуникации според насоките на Уставниот суд.

Костадиновски вели дека ако по истекот на рокот Собранието не го усогласи законот со Уставот, судот ќе ги укине или ќе ги поништи спорните одредби.

– И не случајно кога ја донесовме одлуката, јас им кажав на новинарите дека му одредуваме на Собранието 6 месеци затоа што, како што вели спикерот Гаши „не примал наредби“, во ред, ама ние за еден месец ќе ја донесеме одлуката. Во тој момент нашите безбедносни служби ќе бидат лишени од мета-податоците. Но, одговорноста, ако се случи не дај боже терористички чин, тогаш нема да ја сноси Уставниот суд, тогаш ќе ја сноси органот кој не постапил. Затоа кажав, ја носиме одлуката за да не настапи правен вакуум. Истото важи и за Кривичниот законик. Замислете ние веднаш да донесевме одлука, се укинуваат/поништуваат одредбите од измените на КЗ. Па нашите служби ќе нема на што да се повикаат кога ќе водат постапки или ќе судат за злоупотреба на службена положба, или злоупотреба на јавни набавки – рече Костадиновски.

Уставниот суд на 14 октомври минатата година до Собранието го испрати Решението со кое поведе постапка за спорните членови од Законот за електронски комуникации, во кое што е определен рок од 6 месеци на Собранието за да направи измени и дополнување на законот.

Според судиите, мерката задржување на податоци претставува ограничување на уставното право за неповредливост на писмата и други начини на комуникација.

Според Законот за електронските комуникации телекомуникациските оператори чуваат многу податоци за електронските комуникации на сите претплатници и имаат обврска да им ги дадат на истражните органи на нивно барање, а без судски налог.

Според оспорените одредби од Законот за електронски комуникации телекомуникациските оператори се обврзани 12 месеци да чуваат повеќе видови на податоци од сите корисници и тоа податоци што се потребни за следење и идентификување на изворот и дестинацијата на комуникацијата, како и датумот, часот и на времетраењето на комуникацијата. Се чуваат и податоци што се потребни за идентификување на типот на комуникацијата, комуникацискатата опрема на корисникот и локацијата на мобилната комуникациска опрема.

За да ги остварат овие законски зададени задачи, операторите ги чуваат податоците од телефонските услуги, како повикувачкиот телефонски број и името и адресата на претплатникот, времето на повиците, податоците при обезбедување на пристап до интернет и електронска пошта, како што се корисничкиот код за идентификација, името и адресата на претплатникот кому му била доделена адреса за интернет-протокол (ИП) итн.

Во законот е предвидено и дека операторите не смеат да ги задржуваат податоците што ја откриваат содржината на комуникацијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation